Втора жртва од коронавирусот во Албанија

Утринава уште едно лице заразено од коронавирус го загуби животот во Албанија.

Се работи за 66-годишен маж, кој што бил примен на Инфективната Клиника во Тирана. Освен од коронавирусот, според министерството за здравство тој боледувал и од неколку други болести. Тој бил вклучен на респираторна машина.

Со тоа бројот на лица кои починаа од Ковид-19 во Албанија се искачи на два, додека вкупниот број на заразени лица досега е 55.