Втор ден полициски час – поднесени кривични и прекршочни пријави за повеќе прекршување

Втор ден полициски час помина со голем број прекршоци. 133 лица не ја почитувале мерката а најголем број биле од Скопје. Од МВР за Сител соопштија дека дури 42 се приведени во текот на изминатата ноќ а најмногу лишувања имало во Штип. Поднесени се 33 кривични пријави, 3 прекршочни а опоменати се 71 лице. Од поблагите мерки предупредување најмногу се изречени во Битола.

Во државен карантин во текот на иминатиот ден се спроведени 108 лица. Од нив 2 лица се на сопствена сметка бидејќи не ја почитувале мерката да останат во изолација. Останатит се лиа вратени од странство.

Само вчера се издадени за 461 лице решенија за изолација. Вкупно од 26 февруари до сега се 1105 вакви решенија додека пак 8709 лица потпишале изјава за самоизолација. Во меѓувреме извршени се 617 контроли на лица кои се во изолација и кај околу 4000 лица во самоизолација.

Безбедносната состојба во Дебар и Центар Жупа е стабилна соопштија од МВР. Се вршат редовни контроли на 164 лица кои се во самоизолација.

Во врска со фотографии со непристоен текс од униформирани лица кои беа објавени на социјалните мрежи МВР соопшти дека двете лица на една од фотографиите се овластени полициски службеници. По објавените слики веднаш се повикани во внатрешна контрола и поведена е дисциплинска постапка.

Извор Сител