Граѓаните ги преплавија телефоните на епидемиолозите – бараат да се тестираат за коронавирус

„Екипата на ТВ21 дојде во Центарот за јавно здравје – Скопје, за да види како епидемиолозите управуваат со состојбата со корона вирусот. Тие постојано се на терен во граничните премини, во скопскиот аеродром, земаат брисеви од нос и грло и ги тестираат пациентите за кои постои сомнеж дека се заразени од корона вирус. 24 часа се на располагање телефонските броеви за граѓаните“, вели репортерката на ТВ21.

Работела три дена со два часа спиење. Во сабота кога се појавија новите 6 случаи. Епидемиологот Љуљета Имери била дежурна. Таа тестирала на аеродром лице кое пристигнало од Барселона кај кое бил дијагностициран коронавирус. Потоа, епидемиологот ги повикала сите патници и ги советувала како да постапат. 51 патникк се во самоизолација и нивната состојба секој ден ја контролираат епидемиолози по телефон.

Докторката Љуљета Имери вели дека патниците со страв го примиле фактот што патувале со едно од лицата заразени со КОВИД-19.

„На почеток имаше паника, секако, посебно од тие кои биле седнати блиску нив. Потоа ги отвораме анкетните листови, и 14 дена по ред ја проверуваме нивната здравствена состојба“, посочи Лујљета Рахмани Имери.