Девет нови случаи на коронавирус во земјава, вкупната бројка се искачи на 85

Регистрирани се девет нови случаи на коронавирус во земјава. Министерот за здравство, Венко Филипче, на фејсбук напиша дека со тоа бројката на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12.00 часот, се искачи на 85. Според местото на живеење, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во шест града: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.

Филипче информира и дека состојбата на хоспитализираните пациенти на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија, но во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика. Сите пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од клиниката.

Извор Телма