Десет лица во Хрватска позитивни на коронавирусот

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош на прес-конференција изјави дека десет лица се позитивни на коронавирусот. Потврдено е дека заразен од вирусот е возач од Вараждин, кој на 29 февруари се вратил од Италија.

Тој е ставен во самоизолација, развил многу благи симптоми, тестиран е позитивно, рече Берош.

„Тој е десети заболен кај кој е потврдена инфекција од коронавирусот. Во тек се 266 тестирања, девет не се готови, се изработуваат, но нема клинички показатели кои сугерираат дека ќе има нови позитивни“, изјави Берош.