Емил Јакимовски осуден на една година и осум месеци затвор, но прво ќе оди во Бардовци

Поранешниот вработен во Централниот регистер обвинет за закани кон новинарката Мери Јордановска и загрозување на безбедноста на поранешната сопруга е осуден на казна затвор од една година и осум месеци затвор, но прво ќе оди на лекување во психијатриската болница во Бардовци.

Информацијата за Фокус ја потврди адвокатот на неговата поранешна сопруга Јанаки Митровски. Лекарот ќе утврди колку време Јакимовски ќе треба да помине во Бардовци, откако му било утврдено психичко растројство, па потоа ќе оди на издржување на казната затвор.