Жител на Шипковица приведен зошто му се заканувал со секира на соселанец

0
97

Настанот се случил во областа Шипковачко Теќе, по што 27 годишникот околу 15 часот и 30 минути пријавил во полиција.

– Околу 20 часот и 30 минути, во тетовска Шипковица, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 54-годишниот Ш. А. од ова село, во врска со кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”. Ш. А. задржан е во Полициската станица Тeтово за целосно расчистување и документирање на случајот, информира СВР Тетово.

За пријавеното ќе биде изготвен соодветен поднесок, соопштија од тетовската полиција. /МИА