За 24 часа во Германија има 50 починати од коронавирус

0

о последните 24 часа во Германија се регистрирани 50 смртни случаи од коронавирус. Бројот на новозаразени, пак, изнесува 4 994.

Досега вкупниот број на потврдени случаи на зараза со ковид-19 во Германија е 36 508, додека бројот на починати е 198, соопшти здравствениот институт „Роберт Кох“.

Во Франција, пак, која е попогодена од Германија, претседателот Емануел Макрон ќе ја ангажира и армијата. Тој го најави почетокот на воената операција „Отпорност“ (Résilience) поврзана со коронавирусот. Тоа значи, како што се приближува врвот на новата епидемија на коронавирусот во Франција, вооружените сили ќе се мобилизираат за да им помогнат на населението и службите да се справат со епидемијата.

Статистиките од вчеравечер покажаа дека француските власти за 24 часа регистрираа 231 починат од коронавирусот. Со тоа вкупниот број на смртни случаи изнесува 2 827.

Бројот на досега заразени е 25 233.

Извор 360степени