Коалиции, погрешни толкувања на изборниот закон

0
104

Предизборните коалиции доведоа до кавга при толкување на Изборниот закон за поделба на колачот меѓу власта и опозицијата за политичко рекламирање во медиумите. ДИК потврди дека освен ВМРО ДПМНЕ и Беса се смета за опозиција на која и припаѓа еден член во избирачките одбори.

Но, оваа институција не се меша во поделба на минутажата за политичко рекламирање во медиумите.

Во еден час програма, медиумите имаат право на емитување на платена политичка програма од девет минути. По четири минути да се рекламираат владејачките партии, четири двете опозициски и една минута за другите партии. Различни толкувања за овој член дојдоа по предизборната коалиција на СДСМ и Беса. Агенцијата за медиумски услуги подготви предлог упатство за организирање на овој временски простор, каде на Беса и се одзема ова право и просторот од четири минути се резервира за ВМРО ДПМНЕ.