Ковачевски – Поради сушна година а не производство на струја езерата имаат низок водостој

Хидроцентралите работата со намален капацитет односно само со 60% од својата сила, зашто имаме сушна годинава, а акумулациите се одржуваат на еколошкиот минимум, рече директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски по незапамтената суша на езерата во Македонија каде водата е многу повлечена.

„Генерално се грижиме да не се оди под котата на еколошки минимум, туку над тоа ниво. Хидроелектраните произведуваат електрична енергија соодветно на состојбата и во овој период тие работеа со 60 отсто од капацитетот. На сметка на тоа РЕК Битола го надмина производството со 114 отсто и лани произведе 3.151 гигават часови електрична енергија. Целокупното производство од термоелктраните и од обновливите извори на енергија ги задоволува потребите на земјата. Не увезуваме енергија туку извезуваме.“ – рече Ковачевски.