Корона вирусот го одложи судењето за „Рекет“, Јанева бара да седи дома бидејќи била хронично болна

Судењето за случајот „Рекет“, кое беше закажано за денеска, се одложува на барање на одбраната на обвинетата Катица Јанеца.

Адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска во барањето за одложување до судот навеле дека Јанева има хронична болест и затоа според препораките на Владата треба да остане дома.

За денеска беше предвидено на судењето да сведочат обвинителите од тимот на СЈО, кои ги предложи Јанева.

Извор Фокус