Кривични пријави поради прекршување на владините мерки

0
114

Три кривични пријави, од кои две за кумановци и една за охриѓанец се поднесени од страна на надлежните обвинителства поради сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Едниот од двајцата кумановци е сопственик на угостителски објект, во кој биле служени гости, а другиот не почитувал мерка за самоизолација.

Поради непридржување кон истата мерка, поднесена е пријава и против лице од селото Драслајца.