Маж од Кочани наместо да седи во самоизолација отишол во полициска станица

Обвинителството во Кочани предлага казна од 2.000 евра за кочанец кој не ги почитувал мерките за самоизолација. Останува само нејасно дали граѓанинот бил вработен во полициската станица во Кочани, бидејќи таму се упатил наместо да седи во својот дом.

-За време на пандемија прогласена од Светската здравствена организација, не постапил согласно прописите, мерките и наредбите за сузбивање и спречување на заразната болест COVID 19 донесени од надлежните органи. Обвинетиот на 16 март се вратил од земја со висок ризик од зараза, при што на граничниот премин кон Република Северна Македонија бил запознаен со обврската за самоизолација за која потпишал и изјава. Но, на 18 март го напуштил домот и дошол во Одделението за внатрешни работи Кочани.

Извор Фокус