Меркел побара од Германците сериозно да ја сфатат опасноста од коронавирусот

Прецизните анализи за тоа колку Германци вчеравечер го следеа обраќањето на канцеларката Ангела Меркел до нацијата поради кризата со коронавирусот допрва ќе стигнат, но веројатно бројот е огромен.

Меркел апелираше до граѓаните да ги ограничат социјалните контакти и да ја сфатат ситуацијата сериозно, зашто таа е навистина сериозна. Според Меркел, земјата е соочена со најголемиот предизвик од Втората светска војна. Таа ги увери граѓаните дека снабдувањето со прехранбени намирници е обезбедено и дека создавањето залихи е непотребно, бесмислено и не е солидарно.