Над 260 лица не го почитувале полицискиот час

Во последните 24 часа на државно ниво 263 граѓани ја прекршиле забраната за движење. Полициските службеници пресретнале 102 граѓани, од кои 46 поминале само со опомена додека на другите им било даден соодветен записник и истите биле доставени до Обвинителството.

МВР јавува дека меѓу граѓаните приведени за време на полицискиот час имало и такви кои се однесувале агресивно кон полицајците, а и други кои биле фатени како крадат.