Нема одложување на изборите, кампањата во согласност со мерките

0

До 24 март нема јавни собири и митинзи ,изборната кампања ќе биде прилагодена согласно препораките на надлежбните институции за корона вирусот, потврдија партиските лидери по средбата во Владата на која не станало збор за одложување на изборите.

Спасовски најави дека на дневна основа кризниот штаб преку мејл ќе ги информира партиите за да можат да ги планираат активностите.. Партиските лидери потенцираа дека сите имаат одговорност да ги почитуваат издадените препораки за заштита од корона вирусот затоа што здрвјето на граганите е пред се

Да не се шири паника а фармацевтските компании да не ја злоупотребуваат ситуацијата, порача Села

Инаку, и во владиниот прес центар од денеска фукционираат заштитните мерки и за новинарите, столчињата се на поголемо растопјание од обично а за микрофонот наместо од раце в раце кај новинарите, беа задолжени посебни претставници на владината служба