Николовски кон Јанушев на „Топ Тема“: Од коронавирусот правите циркуз и политички маркетинг

Престанете да бидете несериозни и да правите циркузи околу најважната и најсериозна тема како што е корона вирусот, му порача генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

„Сега е потребна одговорност и сериозност од сите. Наместо да шират лажни вести кои ги среќававме деновиве, наместо ВМРО-ДПМНЕ да се заканува со кривични пријави кон министерот Филипче кој ужива огромна доверба, потребно е да бидеме сериозни и да дадеме поддршка на институциите кои одговорно се справуваат со коронавирусот“, нагласи генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Николовски апелира на сериозност од секој еден политички субјект.

„Здравјето е пред се, се друго е небитно, се друго е споредно во целокупниот овој случај. Ние сме тука да ги носиме нашите одлуки согласно препораките кои што ги има институциите. Затоа ја одложивме целата агенда на претседателот Заев три дена нема никакви средби, со комори , активист, со членови, со граѓани“, истакна генералниот сектетар на СДСМ.