Од сезонски грип во Грција починале 83 граѓани

Во периодот од 24 февруари до 1 март 2020, шест лица го загубиле животот во Грција од сезонски грип, со што бројката на смртни случаи од почетокот на сезоната, односно од крајот на септември минатата година до почетокот на месецов, се искачи на 83, според податоците од грчката Национална организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.

Од починатите 83 лица, 48 се мажи, 35 жени на возраст од 4 до 91 година, а 77 лица односно 92,8 отсто припаѓаат на високо ризична група за која се препорачува вакцинирање од грип.