Во Србија се регистрирани уште седум нови случаи на коронавирусот, со што бројката се искачи на 12 лица, соопшти утринава министерството за здравство, а пренесува Б92.
Од последниот извештај вчера во 18 часот, до утрово, тестирани биле 13 лица, од кои седум биле позитивни, а шест негативни.
Од седумте случаи, пет биле во контакт со две женски лица за кои вчера било утврдено дека се позитивни на коронавирусот. Останатите два случаи се потврдени после престојот во Италија и го Германија.