Од утре полициски час, во сила од 21:00 до 06:00

Владата воведе полициски час. Стапува во сила од утре, а се однесува на периодот од 21:00 – 06:00 часот, соопшти на вонредна прес конференција техничкиот премиер, Оливер Спасовски.

Како што кажа Спасовски, од радикалната мерка исклучок се лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, лица на дијализа (во придружба од најмногу две лица).

Оправданоста на излегувањето од дома ќе се проверува преку увид во медицинската документација од извршениот лекарски преглед.