Османи: Вонредната состојба не значи ограничување на движењето по автоматизам

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи рече дека граѓаните не треба да бидат вознемирени со прогласувањето вонредна состојба. Како што објаснува тој во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“, на Алсат, вонредна состојба значи едноставно зголемување на овластувањата на Владата да донесува одлуки. Односно, не е точно дека со прогласување вонредна состојба, граѓаните нема да можат да се движат од град во град, или дека нема да има полициски часови.