Османи: ДУИ е сигурен победник, коалициите тема на разговор по изборите

0
112

Портпаролот на Централниот изборен штаб на ДУИ Бујар Османи очекува неговата партија да биде сигурен победник на претстојните предвремени парлементарни избори во албанскиот блок и да ја оствари една од најголемите победи во нејзиното политичко постоење зашто е „кормилар на евроатлантскиот пат во државата” и не ја исклучува можноста за правење постизборни коалиции.

– Сега сме фокусирани да комуницираме со граѓаните и да ја добиеме нивната поддршка. Прашањето на коалициите станува тема на разговор по изборите, откако граѓаните ќе одлучат кој има право да формира коалиција, рече Османи на денешната прес-конференција во одговор на прашање.

Според него, општо е познато во државата, но и кај меѓународната заедница дека ДУИ е заштитник (гардијан) на трите договори – Рамковниот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија за добрососедство.