Пендаровски: Изборите мора да се одложат, останете смирени – ќе го пребродиме и ова!

Апел за смиреност и солидарност кон граѓаните на Македонија упати нашиот претседател Стево Пендаровски, по потпишување на одлуката за воведување на вонредна состојба во земјава од 30 дена.

„Оваа одлука е за заштита на здравјето на граѓаните. Изборите ќе мора да бидат одложени и сите анализи и дебати за добивање на гласови треба да ги оставиме на страна. Доследно почитувајте ги препораките на институциите. Сакам да изразам благдарност до сите ангажаирани лица – медицински, полициски и волонтери, кои изминатите недели даваат натчовечки напори за справување со вирусот. Да упатам и апел до македонските државјани кои се надвор од државава – останете во земјата во која се. Доколку решите да се вратите дома, добредојдени сте, но мора да ги почитувате сите мерки од надлежните инситуции. Апелирам до сите граѓани, да бидеме смирени, одговорни и солидарни еден кон друг. Ќе ја пребродиме и оваа тешка ситуација“, истакна Пендаровски.