Пендаровски: Нема потреба од вонредна или кризна состојба во моментов, Владата може да донесе дополнителни мерки

0
116

Заклучокот на Советот за безбедност е дека не е потребно да избрзуваме со голо декларирање на евентуално повисоко ниво на некои состојби како што е на пример вонредната состојба или кризната состојба на целата територија, затоа што во овој момент според сите проценки на надлежниот ресор и министер, опасност дека такво нешто може да се случи не постои, истакна вечерва претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност.

-Според вечерашните проценки, нема потреба, но ако има потреба можеме да препорачаме како Совет за безбедност на Владата да прогласи кризна состојба и во други општини освен во овие две. Да не ја мешаме кризната состојба која е одамна поставена пред четири години на нашата северна и јужна граница, но по друг повод, рече Педаровски.