Петмина нови заразени од ковид 19

Пет нови случаи се позитивни за коронавирус, со што вкупната бројка на заразени во државава стигна до 31, соопшти Министерството за здравство. Попладнево биле тестирани 10 пациенти, а пет од се позитивни.

„Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар“, велат од Министерството и додаваат дека повеќе информации ќе има по седницата на Владата.