Поради Корона вирусот во Италија најверојатно нема да има спортски натпревари еден месец

Премиерот на Италија, Џузепе Конте размислива да донесе одлука да ги прекине сите спортски настани во земјата за еден месец поради вирусот корона.

Италија е најпогодена земја во Европа од коронавирусот, а неделиве некои спортски терени се играа пред празни трибини или беа одложени.

Најпогоден е фудбалот. Полуфиналните натпревари на Купот на Италија кои беа закажани да се играат оваа недела веќе се одложени.