Почина едно лице по тешката сообраќајка во Кавадарци, другото во критична состојба

На скопските клиники почина едно лице, родено 1994 година, по тешката сообраќајна несреќа што денеска се случи во Кавадарци. Другото лице, родено 1991 година, во критична состојба, со тешки телесни повреди, сè уште е на клиниката, изјави за МИА Елизабета Недановска, портпарол во Државното јавно обвинителство.

Двајцата се возеле на моторцикл при што се судриле со џип.