ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ НА АВСТРИЈА СОБОТКА ВО ПОСЕТА НА СОБРАНИЕТО

Се засилува дипломатската офанзива за брзо добивање датум за преговори со ЕУ. Во пресрет на Берлинскиот процес следната недела, голем број дипломати и претставници на меѓународната заедница испраќаат пораки полни со оптимизам. Откако вчера групата земји – членки Пријатели на проширувањето даде поддршка за отворање на преговори , денеска претседателот на австрискиот Национален совет, Волфганг Соботка порача дека Македонија е веќе европска земја.

„Австрија отсекогаш ја поддржувала Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и ќе продолжи да ја нуди таа силна и безрезервна поддршка во рамки на структурите на ЕУ. Северна Македонија изминатиот период направи значителен напредок, особено во носењето на важни закони, како Законот за јавно обвинителство“. – Волфганг Соботка претседател на Национален Совет Австрија.

Џафери смета дека овој парламентарен состав изгласа значајни законски решенија кои придонесоа за позитивен извештај на ЕК и ветер во грб за следниот Европски Совет на 26 и 27 март.