Приведена тетовка, дилер на хероин

Тетовскта полиција вчера привела четворица дилери на дрога, од кои една жена, информираше МВР.

-Синоќа околу 22 часот на улица Благоја Тоска во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода В.Т.(35) од Тетово, кај која бил пронајден хероин. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Три часа претходно на улицата 113 полицијата ги уапсила М.Х.(32), Н.М.(26) од тетовско и Г.Р.(42) од Голема Речица, затоа што кај нив била пронајдена марихуана.

Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.