Пријава за двајца насилници од Пробиштип

Двајца жители на Пробиштип од полицијата заработија кривични пријави за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. Станува збор за поднесе 41-годишниот З.Т.(41) и две години постариот Т.А..

Во полициската пријава е наведено дека на први овој месец пред угостителски објект во Пробиштип, З.Т. го нападнал Д.Ѓ., кој работел како обезбедување на објектот, по што Т.А. искористил прилика и физички го нападнал З.П., исто вработен како обезбедување на објектот.