Резервите на крв се стабилни, крводарувањето продолжува

Денешните резерви на крв и крвни продукти се стабилни, соопшти Институтот за трансфузиона медицина.

Крводарувањето денec ќе се спроведува во просториите на:

-Институтот за трансфузиона медицина-Скопје од 08 до 18 часот

– Центрите за траснфузиона медицина во Тетово, Битола и Штип од 08 до 18 часот

– Служби за траснфузиона медицинаво Куманово, Велес, Кочани, Гегелија, Струмица, Прилеп, Струга Општа Болница, Гостивар и Кичево од 08 до 15 часот

– Ценатрот за дарување при ДХО Даре Џамбаз од 10 до 17 часот

„Ве молиме секој граѓанин кој може да одвои време и е во добра здравствена сотојба да ја искаже својата хуманост дарувајќи крв во гореспоменатите локации“, апелираат од ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина.