СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.И.(23) од Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.И.(23) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 14.02.2020 во Тетово, во домот на М.Л., додека полициски службеници вршеле претрес, влегол пријавениот и ставил во устата опаковка со прашкаста материја, со намера да ја проголта. Во тој момент двајцата полициски службеници презеле мерки за спречување на пријавениот во намерата, при што С.И. давал активен отпор. Набрзо бил совладан и пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош.