Седумтемина со корона вирус надвор од животна опасност, 12 лица се тестираат

0
31

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни болести има седум пациенти со корона вирус кои се со стабилна, лесна клиничка слика и никој нема потреба од механичка вентилација.

Како што информираше министерот за здравство Венко Филипче контролниот тест на пациентката која беше првозаболена сега е негативен и таа во следните денови ќе биде пуштена на домашно лекување. Според него, во моментов се тестираат 12 пациенти и резултатите ќе бидат наскоро готови. Министерот апелираше сите граѓани да се придржуваат до мерките за заштита од корона вирусот.

Двајца од пациентите кои се тестираат на Инфективната клиника се дојдени со знаци на грип, тие патувале во Италија и дошле здрави пред пет-шест дена, а изутрината развиле симптоми и се земени материјали, осум се од Дебар и тие се соседи на тројцата заболени хоспитализирани пред неколку дена, и имале интензивни контакти со нив, и тие се на Клиниката. Еден пациент е од Инфективното одделение во Штип, кој беше со знаци на грип од Кочани и кој исто така патувал во Италија, а еден пациент е испратен преку Центарот за јавно здравје во Прилеп.

Министерот Филипче за донесените мерки на Владата со кои еден родител кој има дете до 10-годишна возраст да може да отсуствува од работа, тој отсуството кон работодавецот треба да го регулира со потврда издадена од градинка, односно училиштето на име на родителот со назнака за времето во кое истата важи.