Седум лица се тестираат на корона вирус во државава

Седум нови пациенти се тестираат на корона вирус, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Како што наведе тој, пациентите се од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид. Дел од нив, поточно оние од Штип, Куманово, Тетово и Кичево, до пред 3-4 дена престојувале во Швајцарија, Германија и Австрија. Кај нив, неколку дена по враќањето кренале висока температура.

Две од лицата коишто се тестираат се бремени жени од Охрид. Како што кажа министерот Филипче, двете се донесени во Скопје и се сместени во изолација.

Резултатите за сите новотестирани пациенти се очекува да бидат готови за неколку часа.