Скопјанец добил кривична, имал секс со малолетничка со која бил во врска

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.С.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.

На 11.02.2020 во напуштена просторија на улица Февруарски поход во Аеродром, пријавениот, извршил полови дејствија врз малолетничка, со која бил во љубовна врска.

Од полицијата информираат дека кривична пријава добил Д.П.(21) од Скопје, затоа што според пријавеното, на 24.02.2020 околу 11.45 часот во с.Кучевиште допирал по телото една малолетничка, а потоа на место викано „Бел пат“ во с. Кучевиште, скопско, допирал по телото друга малолетничка.