Стареењето на насeлението главна причина за недостиг на работна сила

0
108

Населението во светски рамки постојано старее. Прогнозите на Обединетите нации се дека до 2050 година едно од шест лица ќе биде над 65 години, за разлика од лани кога 1 од 11 лица било на истата возраст. Стареењето на населението е уште поизразено во Европа, каде што според податоците на Евростат во 2018 година едно од пет лица било на оваа возраст, а прогнозите се дека до 2050 година постојано ќе се зголемува бројката на стари лица. Состојбата со стареење на населението е слична и во регионот и во земјава, каде што прогнозите ги влошува и миграцијата на младо работоспособно население. Ваквите состојби, кои укажуваат на процесот на старење на населението, треба да бидат насока во која властите во земјава во наредниот период би требало да ги креираат своите политики, од тие за развивање услуги за поддршка на повозрасното население, како што препорачуваат од ОН, до развој на економијата, отворање нови и подобро платени работни места, преструктурирање на економијата, зголемување на вработливоста на младите и давање еднакви можности за сите.