Страшното торнадо однело 19 животи: Зградите срамнети со земја! Новинар ја снимил внатрешноста на торнадото

Торнадото кое срамнило со земја подрачја во Нешвил и централно Тенеси, однело 19 животи, а 50.000 домаќинства и компании останале без струја.

Портпаролката на Агенцијата за итни случаи во Тенеси, соопштила дека бројот на загинати пораснал на 19, јавува AP.

Торнадото најпрво било забележано северозападно од центарот на Нешвил, а потоа девастирало повеќе делови од градот.