Текстилни фабрики започнаа со производство на маски

0
138

Дел од прилепските текстилни компании ги произведија првите 1.000 заштитни маски. Како што ќе се произведуваат тие ќе се доставуваат до Општина Прилеп која потоа ќе ги распределува до оние кои имаат најголема потреба, прво тоа ќе бидат институциите, а потоа и обичните граѓани. Иако во моментов маски во аптеките нема текстилните компани ги смируваат граѓаните и велат дека нема потреба од паника, маски ќе имало за сите.

„Целта е оваа количина денешна да се распредели правилно и да не брзаат граѓаните да набавуваат премногу маски, затоа што ние нема да престанеме, ниие ќе работиме додека треба, додека има материјал, а има и тоа многу има материјал. Не можеме само одеднаш да произведеме за секој по 1.000 маски и да биде се во ред. Затоа без паника, без страв, маски ќе правиме се додека може“, истакна Горан Илиоски, сопственик на текстилна компанија.

„Во наредните денови дополнително ќе се прават секој ден по неколку илјади маски и истите ќе бидат распределени спрема приоритети од страна на Црвениот Крст и Општината. Да кажам дека тие се бесплатни“, додаде Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.