Трагедија: Мртво новороденче во Скопје

Вчера во 06 часот и 47 минути во СВР Скопје, било пријавено дека во дом на улица “Славеј планина“ имало починато новороденче.

Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и утврдено било дека се работи за бебе на возраст од еден месец.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.