Трета жртва во Србија на коронавирусот – почнуваат масовни тестирања

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека трета жртва почина во Србија од коронавирус.

Тој рече дека станува збор за постара личност. Станува збор за 60-годишна жена која немала тешка клиничка слика и била сместена во клиничката болница Драгиша Мисовиќ.

Претседателот Вучиќ најави нови мерки што треба да се преземат во Србија за коронавирус.

„Одиме на масовни тестови, очекуваме да започнат за околу 48 часа. Имаме доволно тестови за првите неколку дена, а во меѓувреме ќе добиеме повеќе тестови“, рече Вучиќ.