Трипуновски: Квалитетот на македонската храна е признаен насекаде низ светот

0

Во овие тешки времиња за економијата, за македонското стопанство, кога пазарите во странство се затвораат, имаме обврска кон нашата економија, нашите земјоделци, да купуваме македонски производи.

Така ќе зачуваме поголем број на работни места, така ќе спасиме цели семејства кои што работат во македонските фабрики и на македонските ниви.

Земјоделецот кој со векови ја храни оваа земја тоа го заслужил. Апелирам земјоделците во оваа кризна година да произведат повеќе храна, а до сите останати граѓани, наместо да купуваме странски производи, да го купиме тоа што е произведено на македонските ниви и во македонските фабрики.