Турско воено возило ја отстранува грчката гранична ограда(видео)

Грчката Влада објави ноќна видео снимка на која се гледа како турско борбено возило ја отстранува грчката гранична ограда за да им направи пат на мигрантите илегално да влезат на грчка територија.

Борбеното возило со помош на кабел ја отсрани заштитната ограда на границата кон Грција.

Високата жичена ограда е веќе оштетена, бидејќи мигрантите ја сечат со мотоцангли.