Уапсени две жени од Гостивар фатени со дрога

0
98

Шест лица биле приведени од страна на македонските полициски службеници откако кај нив била откриена дрога.

Вчера во 23:15 часот на бул.„Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Н.С.(69) и И.С.(47), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај Н.С. биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана, а при преглед во патничко возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, кое тој го управувал, бил пронајден и одземен хероин. Н.С. и сопатникот И.С. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Подоцна во 23:45 часот во гостиварска Долна Бањица, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Д.Ј.(29) и Џ.Х.(39), двете од Гостивар и Ј.З.(27) од Долна Бањица, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа во 01:45 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.Е.(56) од тетовското село Теарце, затоа што при преглед кај него бил пронајден хероин. А.Е. бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде поднесен соодветен поднесок.