Универзитетот во Љубљана го прекина образовниот процес поради коронавирусот

Поради растечкиот број на лица заразени со коронавирусот, Универзитетот во Љубљана реши да го прекине образовниот процес.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, предвидено е Универзитетот да биде затворен до 23 март.

Во соопштението што го испрати факултетската управа, студентите се повикуваат да користат други начини на комуникација со професорите и менторите, односно да употребуваат видео врска или електронска пошта.

Ректоратот се одлучи на ваков чекор бидејќи многу често на предавањата присуствуваат повеќе од 100 студенти, што е во спротивност со забраната за собирање на луѓе во затворен простор.