Утринава пронајдени 78 мигранти во камион во близината на Штип

0
88

На 01.03.2020 околу 04,00 часот во нас.Три Чешми-Штип, на патот во изградба Штип-Кочани, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ сопреле товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.П.(46) и совозач Т.Р.(32) двајцата од Велес, кое претходно не застанало на даден знак, при што биле пронајдени 78 мигранти (41 од Пакистан, 26 од Авганистан, пет од Сирија, четири од Египет и две лица од Турција). С.П и Т.Р. биле лишени од слобода и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.