Училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Никола Вапцаров“ во Чаир добија нови имиња

Арбер Адеми, министерот за образование, предизборно објави дека се променети имињата на две основни училишта во скопски Чаир.

Министерот за образование Арбер Адеми на фејсбук напиша дека прашањето со имињата на училиштата е затворено. Адеми ги објави документите на Централниот регистар. На нив се гледа дека основното училиште „Никола Вапцаров“ се преименува во „Имри Елези“, додека „Рајко Жинзифов“ го носи името „Исмаил Ќемали“

Советот на Општина Чаир гласаше за промена на овие имиња уште во 2012, беа поставени и нови табли, но административно во документите се уште стоеја старите називи.