Филипче: Испишана првата пациентка, се тестираат седум нови лица на Ковид-19

Во моментот се тестираат седум нови лица на коронавирусот, останатите 18 пациенти немаат промена на состојбата од вчера, а првата заразена пациентка кај која беше дијагностицирана болеста ќе биде пуштена на домашно лекување, истакна министерот за здравство, Венко Филипче на пладнената прес-конференција од Владата.

„Тројца од лицата со симптоми на грип доаѓат од Дебар, двајца преку Центарот за јавно здравје од Штип и уште двајца со анамнеза дека изминатиот период патувале во Австрија, односно, Германија се наоѓаат на Инфективната клиника во Скопје. Нивните резултатите ќе бидат познати во текот на денот. Непроменета е состојбата а сите други 18 пациенти, 13. на Инфективната клиника во Скопје и сосема добра на пациентите на домашно лекување во Дебар, како и на пациентката која е на респираторна машина и стабилна е. Денеска е испишана првата пациентка во сосема добра клиничка состојба, контролата на белите дробови покажа дека нема големи последици и може да се упати на домашно лекување. Тестирани се сите кои биле во контакт со неа и немаат никакви симптоми и тие се практично здрави“, истакна Филипче.

Министерот рече дека е во постојан контакт со професорот од Инфективната клиника кој во болницата во Дебар за координација на локалните епидемиолози и притоа најави една форма на тестирања на повеќе луѓе како скрининг, согласно светските искуства од некои земји, па дури и на луѓе за кои не е сигурно дека биле во контакт со заболени.

„Очекуваме во текот на денот или утре да пристигнат меѓу 40 и 80 лица со цел детално да се скенира тој регион“, рече Филипче и додаде дека координацијата на лекарските служби е добра и нема никаков проблем во тамошната болница.