ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во вторник ќе ги потврди листите за пратеници, на јавноста ќе ги соопшти во среда

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата официјално листите со кандидати на пратениците за изборите на 12 април ќе ги презентира на јавен настан што ќе се одржи во среда на 11 март. Претходно кандидатите и носителите на листите треба да бидат потврдени на седница на Централниот комитет што ќе се одржи на 10 март во вторник соопшти денеска на прес-конференција лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Деновиве, рече тој, привршуваат анализите во партијата и договорите со коалициските партнери и многу скоро би можело да се знаат имињата на носителите на листите.

Во врска со преименувањето на две училишта во општина Чаир рече дека нема зошто да ги коментира различните изјави на Зоран Заев и кажа дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ гласала против овој предлог кој, како што додаде, се прави во предизборен период кога граѓаните се чувствителни за одредени теми.