Адеми: Гласовите не ги делиме етнички, политиките на СДСМ се во интерес на сите граѓани

0
98

Едмонд Адеми од СДСМ во емисија на Алсат-М рече дека гласовите не ги делат на етнички основа, затоа што политиките на СДСМ се во интерес на сите граѓани.

Можеме да зборуваме и за грешките, и за пропустите, но за едно нешто СДСМ никој не може да го критикува – дека има националистичка реторика. Затоа велам дека не е ризичен феномен коалицијата со БЕСА туку е феномен кој ги надминува нашите бариери, така што треба да почнеме нештата да ги гледаме поинаку, ако го имаме предвид интересот на сите граѓани затоа што економијата, внатрешната и надворешната политика, сите тие резултати, имаат ист ефект кај сите граѓани без оглед на етничката припадност. Јас можам да го сфатам стравот, нервозата на неколку партии поради големата поддршка што ја имаме. Сите оние кои велат дека се опасни појавите ако гласовите на Албанците одат за СДСМ, политички можам да го сфатам, но во оваа смисла треба да разберат дека Република Северна Македонија, за овие две и пол години под раководство на Зоран Заев се променила тектонски како внатре така и надвор и тоа никој не може да го негира.”- истакна Едмонд Адеми, претседател на Комисија за надворешна политика во СДСМ, на телевизија Алсат.
Тој е уверен во победа на изборите, како и во шестата изборна единица, така и во вкупните резултати.
„Опасно е да се делат гласовите врз етничка и верска основа. СДСМ и лидерот Заев ги затворија големите стратешки прашања за оваа држава. Историската амбиција на Албанците, не само на Албанците, но пред се на Албанците, членството во НАТО, го заврши Заев, отворањето на преговорите со ЕУ, односно Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија кои ги отворија овие процеси се резултат на политиката на Заев, ова се политики кои внатре во државата ги надминаа етничките бариери. Така што, овој процес и од аспект на успеси и од аспект на затворање на големите стратешки прашања за државата, за само две и пол години, се разбира дека се и во интерес на гласачите Албанци”- коментираше Адеми.