Албанија ги прекинува наставата, јавните собири и летовите кон Италија до трети април

0
119

Албанската Влада на денешната итна седница,по појавата на корона вирус во оваа земја, донесе одлука со која наставата во сите образовни институци се прекинува до 3 април.

-Во рамки на владините мерки се прекинуваат летовите кон северна Италија и други области до 3 април. Исто така се прекинува наставата во целата земја. Време е да ги затвориме сите образовни институции и одложување на сите активности, јавни расправи, собри и слично до 3 април, изјави Рама.

На итна владина седница, премиерот објави дека се издвоени дополнителни финанисски средства во износ од 400 милиони леки.

-Во оваа ситуација, како и при секоја ситуација кога општеството и државата се соочуваат со вонредна ситуација, неопходно е воздржаноста и зачувување на смиреноста, и следење на инфомаци од официјален извор, како и да се почитуваат препораките кои произлегуваат од потребата да се придонесува за себе и за другите. Ставивме на располагање и уште еден фонд од 400 милиони леки според барањата на Министерството за здравство,изјави Рама.